‘‘Не лути се човече’’ е друштвена игра која кај децата овозможува развој на логичкото и математичкото размислување, предвидување и заклучување. Со постоечкото правило на игра, децата учат да ги контролираат своите чувства да бидат трпеливи, истрајни како и да се социјализираат.
Со играњето друштвени игри се развира моралноста, прифаќање на друштвените правила на игра, воочување и разбирање на односот помеѓу луѓето, соработките и натпреварувањето. Во друштвените игри не доминира моториката како способност, таа бара други квалитети. Затоа во оваа игра рамноправно може да учествуваат и победуваат и повлечените и срамежливите деца, деца кој не сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Предност на ова НТЦ ‘‘ не лути се човече ’’ е што детето низ игра учи нови симболи и достигнува основно знаење за државите и нивните основни обележја.