Производител: Top Bright
Код на продуктот: 130712
Достапност: На залиха
1.560,00 ден.
Free Delivery

Количина

Icon Постави прашање во врска со овој продукт

Сет Друштвени игри, составен од две игри, кои можат да се играат на двестраната дрвена подлога со илустрации и живописни бои.

Изработена од дрво и сигурна BPA free пластика, оваа игра на Вашето дете покрај забава ќе му овозможи и развој на социјалната интелегенција.

Играта е наменета за 2 до 4 играчи.


 Гасеница- Не лути се човече  

- Принципот на оваа игра е како класично Не лути се човече, со тоа што во оваа игра се игра со 3 фигури. Играчите бираат боја на фигура- гасеница која ја поставуваат на јаболките кои се иста боја со фигурата што ја одбрале.

- Илустрацијата на кокошка на коцката означува број 6 во понатамошното фрлање на коцката, а на почетокот тоа значи дека играчот може една од своите фигури да ја изнесе на полето СТАРТ.
- Кога коцката ќе падне на илустрацијата со кокошка- играчот изнесува уште една своја фигура и има право на уште едно фрлање
- Секое следно добивање на истата илустрација значи поместување за 6 полиња понапред и право на уште едно фрлање.

- Целта е сите гасеници да се донесат до полето кое е означено со цвет, кој ја содржи бојата на фигурата која ја одбрал играчот.

- Доколку во играта фигурата дојде на поле на кое веќе се наоѓа друга фигура (на другиот играч) првиот играч може таа фигура да ја врати на полето старт ( почетното поле на другиот играч).

- Кога фигурата ќе дојде на полето на кое веќе се наоѓа друга Ваша фигура, може да остане тука до следниот круг, но ако фигура на друг играч треба да застане на тоа поле каде што веќе се наоѓаат две ваши фигури, играчот мора да игра со друга фигура или пак да го прескокне тој круг. 


Кокошки и гасеници - Трка до целта  

  До бавчата постојат две патеки (пократок и побрз пат) и стаза поплочена со камен и земјан пат (подолг и побавен) .
- Играчот сам може да одбере по кој пат ќе се движи за секоја фигура поединечно
- Играта започнува со фрлањето на коцката со која се одредува бројот на чекори на стазата.
- Доколку играчот ја фрли коцката и таа застане на илустрацијата со кокошка сите противни играчи кои имаат своја фигура на камената стаза мораат да ги вратат своите фигури на СТАРТ. Играчите со фигурите на земјаниот пат се безбедни.
- Победник на играта е оној кој прв ќе успее да ја донесе својата гасеница до целта. 

ПРЕПОРАЧАНИ ПРОДУКТИ